Get Adobe Flash player

Албедо – инженеринг е компанија која нуди решенија и изведба на сите типови на инсталации во индивидуални и индустриски објекти.

Основана е во септември 2006 година со главна дејност:

проектирање, изведба и надзор

врз термо и хидроенергетски постројки, а денес преминува во поширок опсег на делување.

Покрај греење, климатизација , вентилација, сончеви системи, водовод, одвод, противпожарни инсталации, се проширува со дејноста во полето на бензински и гасни пумпни станици и инсталации, пумпни постројки за третман на вода, електроинсталации: јакострујни и слабострујни и најново: производство на производи од нерѓосувачки и црн челичен лим, резервоари, котли за централно греење наменети за вградување во постоечки камини и шпорети на цврсто гориво.

Албедо – инженеринг е одговорна компанија која размислува за функционалноста на Вашиот објект и во иднина. Знаењето на тимот вработени надоградено со долгогодишното искуство, но и со дополнителните редовни обуки кои се спроведуваат во или надвор од компанијата – создаваат темели за успешна соработка со Вас за остварување на Вашите замислени цели.