За нас

engeenering

Почетоците на работа на фирмата “Албедо инжинеринг и производство” датира од 2003 година,

на самиот почеток таа функционираше како канцеларија за изработка на проектна документација од машинската област, за да покасно се отпочне со инжинеринг услуги, што подразбира проектирање и изведба на системи од термоенергетската област.

Во втората фаза на развојот беше оформена и машинска работилница каде се започна со производство на производи кои најдуваат примена во термоенергетската област.

Во моментов фирмата може да пружи комплетни услуги од областа на машинскиот инжинеринг за секаков вид на објекти.

Што се однесува до изработката на производи, истите дел се реализираат во сопствените производствени простории, а еден дел во соработка со партнер фирмите од Р.Турција.

Производите се од термоенергетската област како што се: парни котли, топловодни котли, котли за загревање на термичко масло, термогени и др.

Сите овие како гориво може да се користат зрнести горива (дрвени пелети, семки од овошје), течно гориво (нафта, мазут), гасна горива (природен гас, пропан, бутан, метан и др.)

Вооедно напоменуваме дека можеме да понудиме и останати производи кои наоѓаат примена во технолошките процеси.

Нашата мисија е прилагодување на современата технологија и проширување на дејностите од областа на инжинерингот.

Се стремиме кон иновации, максимизирање на перформансите и остварување на највисоки стандарди.